Потер: Беше тешко, но неверојатно сум горд на шведската репрезентација
- Селекторот на Шведска, Греам Потер, го коментираше триумфот од 3:2 над Полска во плејофот за Светското првенство во 2026 година.
Стокхолм, 1 април 2026 (МИА) - Селекторот на Шведска, Греам Потер, го коментираше триумфот од 3:2 над Полска во плејофот за Светското првенство во 2026 година.
- Неверојатна вечер. Да се биде дел од тоа беше едноставно воодушевувачки. Огромна чест и неверојатно искуство. Многу сум среќен за тимот. Беше тешко, но неверојатно сум горд на тимот. Беше драматичен натпревар, беше тешко да се контролираат емоциите и она што беше во прашање.
Имаме талентирани играчи во тимот, но само талентот не е доволен, особено на меѓународно ниво. Моравме да го собереме тимот и да изградиме солидна основа. Мислам дека на крајот сè се сведува на тимот и на тоа како колективно се боревме еден за друг на теренот, изјави Потер на официјалната веб-страница на УЕФА.
Шведска на Светското првенство ќе игра во Групата Ф со Холандија, Јапонија и Тунис. зс/
Фото: ЕПА