• среда, 01 април 2026

Гатузо: Тажни сме но тоа е фудбалот

Гатузо: Тажни сме но тоа е фудбалот

Зеница, 1 април 2026 (МИА) - Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, го коментираше поразот од Босна и Херцеговина (1:1, 1:4 на пенали) во плејофот за Светското првенство во 2026 година.

- Италијанскиот тим не го заслужи ова. Покажавме страст, игравме со десет играчи од 40. минута... тажни сме, но тоа е фудбалот. Горд сум на мојот тим. Но, во моментов е болно, изјави Гатузо по мечот во Зеница.

Италијанскиот тим ќе го пропушти своето трето Светско првенство по ред. 

„Азурите“ последен пат на еден фудбалски Мундијал играа во 2014 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан