• четврток, 26 декември 2024

Младинска ликовна колонија „Св.Пантелејмон“

Младинска ликовна колонија „Св.Пантелејмон“
Скопје, 15 август 2022 (МИА) - Во комплексот „Осоговски конак" од денеска до 18 август ќе се реализира Младинската ликовна колонија „Св.Пантелејмон“, како дел од годинашната програма на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани.
Колонијата, која е под целосно покровителство на Министерството за култура, најпрвин почна да ја организира Општина Кочани во 2012 година, а самото сместување и творење на учесниците се одвиваше во манастирот „Св. Пантелејмон“ во село Пантелеј.
-Учесници беа талентирани ученици од повеќе градови низ државата, од Скопје, Куманово, Кочани и од Прилеп. Поради интересот и прекрасното искуство на организаторите и на самите учесници на оваа ликовна колонија, таа во континуитет продожи да се реализира до ден денес, соопштија од Националната установа „Бели мугри“.
Годишната граница на учесниците е од 15 до 18 години. Учениците се предводени и организирани од ментор м-р Александра Димитрова стручен соработник за визуелни уметности од НУЦК „Бели мугри”-Кочани, каде преку разговори и сугестии се надоградуваат и реализираат преку сликање и творење.
Како што е најавено, учениците ќе работат на сликарски платна во акрилна техника. Материјалите за работа на колонијата ги обезбедува НУЦК „Бели мугри” – Кочани, а исто така се обезбедени сместувањето и исхраната на учесниците. бт/мд/

Остани поврзан