• сабота, 28 декември 2024

Младеновски: Можеме рамноправно да се бориме со сите

Младеновски: Можеме рамноправно да се бориме со сите

Скопје, 26 јули 2023 (МИА) – Центарот на македонската кошаркарска репрезентација, Љубомир Младеновски верува во успешни настапи на претквалификацискиот олимписки турнир во Талин.

 

Младеновски смета дека националниот тим има квалитет да се „носи“ со сите ривали.

 

- Најпрво сакам да им се заблагодарам на луѓето од федерацијата, и на стручниот штаб кој ме повика на репрезентативен собир по пауза од една година условена поради тоа што имав тешка повреда на рачниот зглоб. Што се однесува до квалитетот на натпреварувањето, со самите имиња кои што се на турнирот и против кои ќе се натпреваруваме, само по себе говори за тоа колку силен ќе биде тој турнир. На нас ни останува ништо друго освен да го дадеме својот максимум. Да видиме прво во кој состав ќе отидеме таму. Во однос на она мое последно учество во националниот тим, евидентно е дека е доста променет. И дека со овој квалитет со кој располагаме мислам дека можеме рамноправно да се бориме, и да се надеваме дека би поминале во следната фаза, изјави Младеновски за КФСМ.

 

Тој се враќа во репрезентацијата по пауза од цела една година, која ја предизвика посериозна повреда на раката.

 

Претквалификацискиот олимписки турнир ќе се одржи од 12 до 15  август. Противници на македонската репрезентација ќе бидат Естонија, Чешка и Израел. зс/

Остани поврзан