• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Тежок пад на Саразин на спуст тренингот во Бормио

Тежок пад на Саразин на спуст тренингот во Бормио

 

Бормио, 27 декември 2024 (МИА) – Францускиот скијач Сиприен Саразин претрпе денеска тежок пад за време на вториот спуст тренинг во Бормио.

Саразан, кој ден претходно беше најбрз на првиот тренинг на истата патека, загуби контрола врз скиите и по долго лизгање на снегот заврши во заштитната ограда.

Веднаш му беше укажана и беше изнесен од патеката со хеликоптер.

Засега нема информации за здравствена состојба на 30-годишниот Саразин. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан