• среда, 04 декември 2024

Мисајловски на министерскиот состанок на САД – Јадранската повелба во Тирана

Мисајловски на министерскиот состанок на САД – Јадранската повелба во Тирана

Скопје, 4 декември 2024 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ќе учествува на министерскиот состанок на САД-Јадранската повелба, попозната како групата А5, кој се одржува во Тирана, Албанија.

За време на министерскиот состанок, Мисајловски ќе се обрати на двете работни сесии посветени на безбедносното опкружување во Западниот Балкан и поширокиот регион, политиката на отворени врати на А5, како и иднината на овој успешен регионален механизам за соработка.

Мисајловски во Тирана, како што соопштуваат од Министерството за одбрана, ќе оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои и средба со помошничката секретар за одбрана на САД за меѓународни безбедносни прашања, Селест Валандер.

Предводниците на делегациите на земјите – членки на А5 за време на министерскиот состанок ќе потпишат и заедничка изјава. дма/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан