• сабота, 23 ноември 2024

Минималните трошоци на едно семејство во јуни 48.543 денари

Минималните трошоци на едно семејство во јуни 48.543 денари

Скопје, 7 јули 2023 (МИА) - На едно семејство во јуни за минимални месечни трошоци му биле потребни 48.543 денари, покажуваат податоците од синдикалната кошничка што на месечно ниво ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија. 

Оттаму велат дека иако има благо намалување на вредноста на синдикалната кошничка во јуни, сепак трошоците за храна и пијалоци се зголемени.

За храна и пијалоци во јуни биле потребни минимум 19.805 денари, а за покривање на режиските трошоци 13.416 денари. За превоз минимум на едно семејство му биле потребни 3.720 денари, а за хигиена 3.252 денари. бак/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан