• среда, 25 декември 2024
МИА Општински пул

23 декември 2024

Скопје - Празничната атмосфера оваа година започна токму од општина Ѓорче Петров, носејќи радост, среќа и заедништво за сите генерации. Викендот беше исполнет со низа активности кои внесоа празничен дух во секој агол на нашата општина.

Во саботата, караванот „Зимска Бајка“ донесе магична празнична атмосфера во паркот на Ѓорче Петров. Најмладите преку детскиот музички фестивал „Соната“, кој оваа година одбележува значаен јубилеј – 15 години постоење, ги развеселија нашите најмлади жители. Под раководство на Александар Китевски и Розета Дулевска, фестивалот останува симбол на детскиот талент и љубовта кон музиката.

Скопје - ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје во периодот од 16-ти до 22 декември 2024 година со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 155 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар, велат од јавното претпријатие, секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар.

Скопје - Водата од системот на Град Скопје е санитарно исправна и граѓаните може непречено да ја користат, покажал вчерашниот вонреден мониторинг што го извршил Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ по прекинот на водоснабдувањето во саботата.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), мониторингот опфатил девет клучни места: Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош, од каде биле земени примероци од водата за пиење кои потоа биле физичко-хемиско и микробиолошко лабораториски тестирани. Покрај теренските мерења на рутинските параметри, тестирање било изведено со стандардни методи и јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа, како и со полимера за верижна реакција метода за микробиолошката анализа. 

Скопје - Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие се регистрирани 2 271 повик, од кои „реални“ биле 55 отсто, а 45 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од „реалните“ повици, кон Полиција биле упатени 66,33 отсто , кон Итната медицинска помош 25,33, додека кон пожарникарите 1,67 отсто.

-Имало и 952 повика за итни случаи што е вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), наведува ЦУК.

Скопје - Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани приближно 65 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Гази Баба и Кисела Вода. 

-Повторно е интервенирано на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што се подигнати 20 кубни метри претежно мешан комунален отпад одложен на јавна површина на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на детското игралиште, информираат од јавното претпријатие.

Скопје - Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 110мм. на булевар „Крсте Мисирков“ кај црквата Пресвета Богородица, денеска од 9:40 часот со прекинато водоснабдување ќе биде црквата Пресвета Богородица.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде биде прекинато до завршување на работните активности.

Скопје - Без вода денеска од 9:20 часот се дел од корисниците лоцирани на улицата „АФЖ“ во Општина Бутел. 

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на затворач (огрлица) Ф-150 милиметри на улицата „АФЖ“ 27.

Скопје - Поради дефект на ППХ (против пожарен Хидрант) Ф 80мм. на Бул. 8-ми Септември пред влезот накај болницатa „Жан Митрев“, со прекинато водоснабдување ќе биде болницата „Жан Митрев“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на работните активности.

Скопје - Во рамки на 12. издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“, вечер во Кинотека ќе се одржи панел дискусија на тема „Живот без капитализам: Како дотаму?“, проекција на документарниот филм „Зeмја за нас“ и разговор со режисерката Карла Црнчевиќ. Настанот е бесплатен.

Како што е најавено, говорници на панел дискусијата ќе бидат Вики Младенова, Здравко Савески и Ленче Деспотоска, а модераторка е Андријана Папиќ Манчева. По панел дискусијата, во 19 часот, ќе следува проекцијата на документарниот филм „Земја за нас“ во режија на Карла Црнчевиќ. По проекцијата на филмот, ќе следи разговор со авторката на филмот Карла Црнчевиќ, кој ќе го води Ѓорѓи Пулевски.

Остани поврзан