МИА Општински пул
- 23 декември 2024
23 декември 2024
Битола - Главната иницијација е отповик на градоначалник со што сметаме дека ќе ја зголемиме транспарентноста и отчетноста во секојдневното работење на локалните самоуправи и втората алатка што сакаме да ја предвидиме во законското решение е воведување на комунален надзор кој ќе биде под ингеренции на локалната самоуправа, изјави министерот за локална самоуправа Златко Перински.
На консултативен настан во Битола на кој учествуваа градоначалници од пелагонискиот и југозападниот регион, министерот Перински нагласи дека со новото законско решение ќе се модернизира актуелниот Закон за локална самоуправа.
-Станува збор за системски Закон за кој што се потребни две третини од Собранието и секако Бадентер за негово донесување. Главната иницијација е отповик на градоначалник со што сметаме дека ќе ја зголемиме транспарентноста и отчетноста во секојдневното работење на локалните самоуправи и втората алатка што сакаме да ја предвидиме во законското решение е воведување на комунален надзор кој ќе биде под ингеренции на локалната самоуправа. Свативме дека актуелното законско решение треба да се модернизира и адаптира врз основа на модерните услови на живеење. На овој начин ќе се превенираат девијантни појави на мала група граѓани кои што секојдневно несоодветно депонираат и одлагаат отпад, несоодветно постапуваат со урбаната опрема за која што локалните самоуправи издвојуваат значајни средства од своите буџети и во таа смисла сакаме да го корегираме и превенираме тоа однесување за да имаме поубаво место на живеење, изјави министерот Перински.
Дебар - По иницијатива на Здружението „Рајчица“, во соработка со општина Дебар, за првпат ќе биде одржано хуманитарно празнично дружење на плоштадот во градот.
Присутните ќе може да се радуваат и бесплатно да се фотографираат со маскоти, жонглери и Дедо Мраз. Ќе има разни слатки по поволни цени, како и други изненадувања од торбата на Дедо Мраз.
-Целта на овој празничен Базар е многустрана и се фокусира на важноста на социјалната инклузија, како и на поврзувањето на децата и нивните родители во пресрет на празниците. Настанот нуди можности за дружење на најмладите преку различни забавни содржини, а истовремено служи и за собирање средства што ќе бидат насочени кон хуманитарни активности за поддршка на најранливите категории во нашето општество, изјавија за МИА од Здружението.
Изразувајќи задоволство што целата локална заедница се вклучила на каков било начин да ја поддржи оваа иницијатива, но посебно, додадоа од Здружението, нè радува фактот што многу млади луѓе, кои се дел од волонтерската група на Здружението „Рајчица“, се вклучија во изработка на многу различни производи, кои ќе бидат поставени на штандовите за време на празничниот Базар.
Куманово - Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска организираше свечен прием и им врачи награди на најдобрите припадници на СВР Куманово и на противпожарната единица.
Годинава на предлог на ТППЕ Куманово и на СВР Куманово за најдобар пожарникат е прогласен Никола Богдановски, а Аднан Бислими за најдобар полицаец.
– Во мое лично име и во име на граѓаните им се заблагодарувам за нивниот професионален ангажман. Имавме високо ниво на соработка со полицијата во градот, а дополнително и нашите пожарникари многу ревносно и професионално си ја извршуваа својата работа, рече Димитриевски.
Богдановски информираше дека шест години работи како пожарникар-спасител и изрази благодарност до колегите со кои соработува.
Оваа 2024 беше предизвикувачка со голем број интервенции и пожари, рече Богдановски.
Куманово - Адвокатскиот тим што бесплатно го застапува семејството на починатата родилка од Куманово при истрагата открило недоследности и противречности во извештаите од инстититуциите, соопштија на денешната прес-конференција од адвокатската канцеларија Георгиевски.
Тие го добие извештајот за спроведен стручен надзор за пациентката и велат дека имало административни пропусти. Од тимот велат дека не се согласуваат со наводите на одбуцентите, во кои се вели дека смртта кај 31 едногодишната родилка е природна и дека се исклучува лекарска грешка. Адвокатот Христијан Георгиевски во денешната изјава за медиумите рече дека семејството е огорчено од однесувањето на институциите и нагласи дека ќе бараат одговорност.
- Во извештајот делумно се потврдува дека има направено пропусти, како што е наведено во делот на административни пропусти во пополнување на медицинската документација. Во однос на временската разлика кон преземање на реанимациски мерки, а не е за занемарување и фактот како што е наведено во самиот извештај останува нејасно, зошто во текот на оперативниот зафат настапува повторно влошување на општата состојба на пациентката проследено со намалување на крвниот притисок кој прогресирал до срцев застој, што ако за самата инспекција, комисијата за вршење надзор на стручната работа на ЈЗУ општа болница е нејасно, ние како немедицински лица не би можеле да дадеме одговор. Во секој случај овие наоди ќе ги продлабочиме и на тој начин ќе добиеме одговор на овие нејаснотии. Во однос на самата обдукција целосно не се согласувам со наводите на обдуцентите и раководителите на институтот за судската медицина, од причина што истите наведуваат смртта на покојната на возраст од 31 година е природна и настанала како резултат на емболија, изјави адвокатот Христијан Георгиевски.
Скопје- Ликовната изложба „Три генерации Трајковски“ на академскиот уметник Новица Трајковски е отворена во галеријата на Домот на култура „Илинден“ во Општина Илинден.
Љубителите на ликовната уметност имаат можност да погледнат околу 70 уметнички дела насликани од Новица Трајковски и од неговите тројца наследници од семејството.
Како што информира Општина Илинден, во рамки на изложбата беше промовирана и првата монографија на Новица Трајковски во која е собрано голем дел од ликовното творештво од последните неколку години на уметникот. Монографијата е издадена под покровителство на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.
Градоначалникот Георгиевски, кој ја отвори изложбата, изрази благодарност до академскиот сликар Новица Трајковски за неговиот придонес во развојот на културата и уметноста во Општина Илинден. Тој, како што рече, е поттик и за многу други уметници да одат по неговиот пат.
Скопје - Ликовната изложба „Три генерации Трајковски“ на академскиот уметник Новица Трајковски е отворена во галеријата на Домот на култура „Илинден“ во Општина Илинден.
Љубителите на ликовната уметност имаат можност да погледнат околу 70 уметнички дела насликани од Новица Трајковски и од неговите тројца наследници од семејството.
Како што информира Општина Илинден, во рамки на изложбата беше промовирана и првата монографија на Новица Трајковски во која е собрано голем дел од ликовното творештво од последните неколку години на уметникот. Монографијата е издадена под покровителство на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.
Градоначалникот Георгиевски, кој ја отвори изложбата, изрази благодарност до академскиот сликар Новица Трајковски за неговиот придонес во развојот на културата и уметноста во Општина Илинден. Тој, како што рече, е поттик и за многу други уметници да одат по неговиот пат.
Куманово - Претставници од општините од североисточниот регион, денеска во Куманово учествуваа на „Регионална обука за градење капацитети за спроведување на Зелената Агенда на Западен Балкан на локално ниво“, која ја организираше Центарот за климатски промени во соработка со седум партнерски организации од повеќе региони од земјава.
Претставниците од секторите и одделенија за животна средина имаа можност да се информираат со политиките, приоритетите и целите на зелената Агенда за Западен Балкан и да учествуваат во идентификација на главните еколошки и развојни предизвици со кои се соочува североисточниот регион.
Станува збор за тригодишен проект, го спроведуваме цела година, ќе трае до септември 2026-тата. Целта е да ги доближиме политиките до сите, да обезбедиме подобро спроведување на политиките со барањата за спроведување на зелената агенда. Широка е рамката се базира на пет столбови, циркуларна економија, декарбонизација, климатски промени и заштита на природа како и одржливо управување со природните ресурси. Мора да делуваме интегрирано и локално од долу, нагоре изјави, Бојана Станојевска Пецуровска од Центар за климатски промени.
Скопје - Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ) оствари средба со градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за можноста за укинување на бесплатниот превоз за студентите во главниот град.
- За да продолжи бесплатниот превоз за студентите, потребно е Владата на Република Северна Македонија да донесе поединечна одлука со висината на средства што ќе се релоцираат за таа цел. Со оваа мерка ќе го задолжи Министерството за образование и наука да префрли средства за бесплатен превоз за студентите предвидени на конто за студентски стандард согласно Буџетот за 2025 година, се вели во соопштението.
Универзитетското студентско собрание испраќа јавен апел до Владата и до МОН да ја донесат потребната одлука на седницата на Влада на 24 декември 2024 година со цел, како што наведуваат, ЈСП „Скопје“ да може да го продолжи бесплатниот превоз за студентите во 2025 година.
Делчево - Во беровско Русиново, денеска се одржа чествување по повод 118 годишнината од смртта на македонскиот илинденски великан и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација, Даме Груев.
Во чест на 118- годишнината од смртта на Даме Груев, пред неговата биста цвеќе положи делегација на Општината предводена од градоначалникот Звонко Пекевски, претставници на Советот и други институции и граѓани.
Пред присутните, во центарот на село Русиново, беше прочитан реферат за неговиот живот и дело.
- Водејќи се од девизата „Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај”, Даме Груев е запишан во македонската историја, како еден од најголемите македонски револуционери и најистакнати членови на Македонската револуционерна организација, беше кажано во рефератот пред споменикот на Груев.
Споменот за Даме Груев, како што беше потенцирано, е вечен, а неговиот лик и дело се гордост, за сите кои го почитуваат неговото дело.