• недела, 17 ноември 2024

МИА Најави-свет

МИА Најави-свет

6 март 2024

Букурешт – Почнува дводневниот конгрес на Европската народна партија (ЕПП), на кој се очекува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да биде предложена да ја предводи листата на ЕПП на претстојните избори за Европскиот парламент.

Москва – Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси во посета на Русија, каде што е можна средба и со рускиот претседател Владимир Путин.

Варшава – Дводневен протест на земјоделците во Полска.

Обединети Нации – Состанок на Советот за безбедност на ОН за Авганистан.

Париз – Почнува дводневен самит на претседателки на парламенти, по повод Меѓународниот ден на жената.

Хаг – Средба меѓу премиерите на Холандија и Франција, Марк Руте и Габриел Атал.

Пекинг – Прес-конференција за економијата во рамки на продолжението на Втората годишна сесија на 14. Кинеско национално народно собрание.

Бразил – Премиерот на Шпанија Педро Санчез во дводневна посета на Бразил.

Богота – Постхумно објавување на необјавениот роман на Габриел Гарсија Маркез „En Agosto Nos Vemos“.

Остани поврзан