4 март 2026
Скопје - Собранието ќе ја одржи 90-тата седница. (Сала „Македонија“/11:00)
Скопје - Презентација на Извештајот за проценка на имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030. (Влада, свечена сала/10:00)
Тетово - Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши и градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами ќе се обратат на информативна сесија во рамки на кампањата „Фер ангажман“ како дел од проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Република Северна Македонија“. (Сала на Совет на Општина Тетово/12:00)
Скопје - Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) организира „Обука за претставници на Секторот за заштита на природата/биодиверзитетот во областа на Проценка на ризикот од корупција (ПРК)“ на која воведни обраќања ќе имаат министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, австрискиот амбасадор Мартин Памер и директорот на Регионалната антикорупциска иницијатива, Алберт Хани. (х. Александар Палас/9:00, изјави за медиуми 9:30)
Скопје - Уставниот суд ќе ја одржи третата седница. (09:30)
Скопје - Промоција на едукативна кампања „Круг на поддршка - за тежината да стане полесна“, во организација на Научното здружение за обезност ОБЕМ, по повод Светскиот ден на дебелината. (Национална галерија Чифте Амам/11:30)
Куманово - Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, амбасадорот на Кралство Шведска Ола Сулстром и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан ќе извршат увид на активностите во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“. (ООУ „Браќа Миладиновци" и ООУ „Крсте Мисирков"/14:00)
Скопје - Поставување камен-темелник на базен во Основното училиште „7 Март“ во Чаир, во присуство на градоначалникот Изет Меџити. (ООУ „7 Март“/12:00)
Скопје - Прес-конференција на политичката партија МААК. (простории на МААК кај Ист Гејст мол/12:00)
Скопје - Комеморација во чест на поетот, писател, преведувач и издавач Тихомир Јанчовски. (Филолошки факултет „Блаже Конески“, сала за седници/18:00)
Скопје - Промоција на сликовницата „Македонките во битка – вистински приказни“ од авторките Ана Вишинова и Даниела Митевска. (Музеј на македонската борба за самостојност/12:00)
Скопје - Колекција како алатка, предавање на Зденка Бадовинац, кураторка и иницијаторка на првата источноевропска уметничка колекција, Артист 2000+. (Музеј на современата уметност – Скопјe/19:00)
______________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***