• среда, 04 март 2026
МИА Најави МКД

4 март 2026

Скопје - Собранието ќе ја одржи 90-тата седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Презентација на Извештајот за проценка на имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030. (Влада, свечена сала/10:00)

Тетово - Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши и градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами ќе се обратат на информативна сесија во рамки на кампањата „Фер ангажман“  како дел од проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Република Северна Македонија“. (Сала на Советот на Општина Тетово/12:00)

Скопје - Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) организира „Обука за претставници на Секторот за заштита на природата/биодиверзитетот во областа на Проценка на ризикот од корупција (ПРК)“ на која воведни обраќања ќе имаат министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, австрискиот амбасадор Мартин Памер и директорот на Регионалната антикорупциска иницијатива, Алберт Хани. (х. Александар Палас/9:00, изјави за медиуми 9:30)

Скопје - Уставниот суд ќе ја одржи третата седница. (09:30) 

Скопје - Научното здружение за обезност ОБЕМ, ќе го одбележи Светскиот ден на дебелината со едукативна кампања „Круг на поддршка - за тежината да стане полесна“. (Национална галерија Чифте Амам/11:30)

Куманово - Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, амбасадорот на Кралство Шведска Ола Сулстром и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан ќе извршат увид на активностите во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“. (ООУ „Браќа Миладиновци" и  ООУ „Крсте Мисирков"/14:00)

Скопје - Прес-конференција на политичката партија МААК. (простории на МААК кај Ист Гејст мол/12:00)

Скопје - Комеморација во чест на поетот, писател, преведувач и издавач Тихомир Јанчовски. (Филолошки факултет „Блаже Конески“, сала за седници/18:00)

Скопје - Промоција на сликовницата „Македонките во битка – вистински приказни“ од авторките Ана Вишинова и Даниела Митевска. (Музеј на македонската борба за самостојност/12:00)

Скопје - Колекција како алатка, предавање на Зденка Бадовинац, кураторка и иницијаторка на првата источноевропска уметничка колекција, Артист 2000+. (Музеј на современата уметност – Скопјe/19:00

______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан