• четврток, 26 декември 2024
МИА Флеш
20 јули 2021 

Скопје – Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Израел во земјава, Дан Орјан, на која беше заклучено дека Северна Македонија и Израел негуваат блиски пријателски односи коишто се засновани на меѓусебна доверба и почит.

Од Кабинетот на Пендаровски соопштија дека претседателот изрази благодарност за посветеноста и ангажманот на амбасадорот Орјан за време на извршувањето на одговорната дипломатска функција во нашата држава, посакувајќи му успех во неговите идни ангажмани.

Куманово – Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерот за инфраструктура, градежништво и сообраќај на Република Србија Томислав Момировиќ, денеска на ГП Табановце поделија бесплатни М-картички за патарина за граѓаните на Србија. Досега, Министерството за внатрешни работи поделило над 41.000 картички. Мерката се спроведува со одлука на Владата од 15 јуни како знак на благодарност на државата до Србија за донираните вакцини против Ковид 19. Двајцата министри кажаа дека заедничките мерки и одлуки само го потврдуваат пријателскиот однос помеѓу двете земји.

Скопје – Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.219 тестирања, а регистрирани се 21 нов случај со Ковид-19: Скопје – 8, Тетово – 4,Куманово и Гостивар – по 3, Кавадарци, Кочани и Кичево – по 1. Регистрирани сe 14 оздравени пациенти од: Тетово – 8, Скопје – 5 и Гостивар – 1. Пријавено е едно починато лице од Скопје (56 г.) во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Скопје - Министерството за здравство соопшти дека на територијата на цела држава една доза вакцина досега примиле 27,5 отсто од граѓаните.

Последните анализи покажуваат дека најголем процент вакцинирани граѓани има во Кавадарци 43,5 отсто, потоа следи Охрид со 42,9 отсто и Гевгелија со 41 отсто. Најмал процент вакцинирани граѓани има во Дебар 17,3 отсто, во Тетово 17,1 отсто, а во Кичево 15,8 отсто.

Последните анализи покажуваат дека најголем процент вакцинирани граѓани има во Кавадарци 43,5 отсто, потоа следи Охрид со 42,9 отсто и Гевгелија со 41 отсто. Најмал процент вакцинирани граѓани има во Дебар 17,3 отсто, во Тетово 17,1 отсто, а во Кичево 15,8 отсто.

Скопје – Под мотото „Заедно можеме повеќе“ денеска официјално беше означено интегрирањето на Охридска и Шпаркасе во Шпаркасе банка – Македонија. Проектот на интегрирањето почна во ноември 2019 година и е завршен изминатиот викенд, а со него, како што изјави денеска претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе банка – Македонија Глигор Бишев се отвора нова страница во развојот на самата банка, но и во консолидација на банкарскиот сектор во земјава. Скопје – Новото законско решение за бесправно изградените објекти е во постапка на прикачување на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) и кога истиот ќе биде поставен се уште ќе може да се ставаат коментари и сугестии од сите засегнати страни, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. – Ние ги направивме сите консултации, почнувајќи од 25 мај до денес, веќе два месеци разговараме со сите засегнати страни, потоа законот ќе се дискутира и на седница на Влада, а потоа ќе оди во Собрание по редовна постапка и ќе се дискутира во Собрание, така што сметам дека преуранети се сите дискусии и не би сакал пред да се објави законот да дискутирам за кое било прашање, не заради тоа што нешто криеме туку заради тоа што сметаме дека треба да излезе во процедура, а потоа да можеме член по член да дискутираме за овие законски одредби и постапки, рече Бочварски. Скопје – Новородените бебиња во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир, ќе имаат можност за безболна проверка на билирубин, која им ја овозможи донацијата од два апарати за неинвазивна проверка на билирубин од Амбасадата на Израел и Проект ХОПЕ. Една од придобивките за употреба на овие апарати за проверка на билирубин кај новороденчиња е низок ризик од инфекции, траума и болка при мерење на нивото на билирубин. Исто така, резултатите од испитувања се достапни за неколку минути, што овозможува и брз третман на жолтица кај бебињата. Скопје – Развивме комплетни програми за ресоцијализација и мислам дека сме една од првите земји во процесот на ресоцијализација на членови на семејствата и на репатрирани борци на терористичката група Исламска држава, што следи по издржувањето на затворските казни, кои се високи по стандардите на државите сојузници, изјави премиерот Зоран Заев.

Запрашан за ресоцијализација на вратните борци од Исламска држава и нивните семејства, тој појасни дека за тоа информираа и Владата и надлежните институции пред се Коориднативниот центар за борба против тероризмот, радикализмот и екстремизмиот, што заедно со МВР, Бирото за јавна безбедност и со целосна организација на Агенцијата за национална безбедност помогнати од  Агенциајта за разузнавање, прво покажаа „капацитетност да организираат една ваква репатријација, односно пренесување на наши граѓани коишто биле терористички борци во ИСИС во Сирија“.

Скопје – На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 463.048 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 6.608 граѓани, а се вакцинирале 17.343 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 747.728 дози вакцини, а ревакцинирани се 284.680 граѓани. Од Министерството за здравство информираат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. Скопје – Никој да нема дилема, ќе бидеме со модерна безбедна патна инфраструктура таква како што налага секоја модерна европска земја, порача денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Посочи дека после застојот од, како што рече, 11 години не градење и не правењето ништо или правењето многу малку во однос на реконструкција, за четири години се реконструирани и изградени преку 1.000 километри патишта. Тоа, според него, придонело за зголемување на безбедноста на патната инфраструктура. Скопје  – Се пријавив на конкурсот за изработка на материјали за учење затоа што мојата потесна специјалност како универзитетски професор на Институтот за педагогија, на Филозофскиот факултет, е јазичната писменост. Имам професионален стаж од 30 години и за мене беше голем предизвик да работам на новиот учебник зашто новата Концепција за основно образование бара друг, поразличен пристап кон учењето, вели професорката Јасмина Делчева-Диздаревиќ, авторка на учебникот по македонски јазик за прво одделение. Според неа, како што соопшти Министерството за образование и наука, новина е што првачињата, согласно новата наставна програма по македонски јазик во второто полугодие ќе почнат да се описменуваат. Атина – Поради задолжителната вакцинација за специјалната единица за справување со катастрофи  (ЕМАК) на грчката противпожарна служба,  воведена на средината на мај, 54 невакцинирани пожарникари ќе бидат преместени во други служби и нема да можат да останат на нивните места, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за специјална единица која интервенира во итни случаи, како што се спасување на лица од поплави, катастрофални пожари, земјотреси, но и сообраќајни несреќи, а кога Грција нуди помош на други земји за справување со вакви случаи, припадниците на ЕМАК се тие кои веднаш заминуваат на терен. Софија – Еден ден пред првата седница на новоизбраниот бугарски Парламент, „Демократска Бугарија“ и „Има таков народ“ веќе водат неформални разговори, изјави за Нова ТВ копретседавачот на сојузот Христо Иванов. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Иванов не смета дека неформалните разговори треба да се претворат во политички вести. Очигледно е, според него, дека има многу различни сфаќања за целта на разговорот и начинот на кој треба да се води, рече тој одговарајќи на прашањето дали се водени преговори со „Има таков народ“ за поддршка и формирање нова влада во Бугарија. Белград – Државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Ѓерлек, изјави дека државата Србија деновиве ќе излезе со пакет нови мерки за стимулирање на вакцинацијата, јави дописникот на МИА од Белград. Ѓерлек за денешен Курир изјави дека лично се залага за задолжителна вакцинација на сите граѓани. Берлин - Германската канцеларка Ангела Меркел денеска соопшти дека Владата утре ќе ја разгледа помошта за поплавените региони, нагласувајќи дека помошта ќе биде небирократска и брза. – Тоа ќе биде небирократска помош која треба брзо да стигне до погодените граѓани, рече таа за време на обраќањето во местото Бад Минстерајфел, кое беше тешко погодено од неодамнешните поплави. Лондон – Најмалку 430 мигранти вчера го преминаа Ла Манш кон Велика Британија што е рекорден број во еден ден, соопшти британското Министерство за надворешни работи. Се наведува дека „се преземаат значајни чекори за решавање на неприфатливиот проблем со илегалната миграција“. Бамако – Две вооружени лица, од кои едното со нож, денеска го нападнаа привремениот претседател на Мали, Асими Гоита. Според некои светски агенции, Гоита бил нападнат додека се молел во џамија во главниот град Бамако.

Тагови

Остани поврзан