• сабота, 23 ноември 2024

МИА Најави – МКД

МИА Најави – МКД
7 септември 2021 Виена – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат  Џафери ќе учествува на Петтата светска конференција на претседатели на парламенти и Првиот парламентарен самит за борба против тероризмот во Виена. Скопје – Продолжение на 41-та и 43-та седница на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“/ 12:00 и 12:15) Скопје – Седници на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/12:00 и 12:30) Скопје – Седници на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/ 13:00 и 13:15) Скопје -  Претседателот Стево Пендаровски ќе ја отвори изложбата „Ликовни блесоци“ по повод чествувањето на 30 години независна македонска држава. (Кабинет на претседателот/18:30) Скопје - Прес-конференција на премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, и градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети. (на регионалниот пат за село Бојане, веднаш по исклучувањето за автопатот Скопје-Тетово http://Линк до локацијата/ 10:00) Скопје – Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе одржи брифинг со новинарите по повод првата архивска изложба на Министерството за надворешни работи насловена „30 години независност- ретроспектива на надворешната политика“. (МНР/разгледување на изложбата/ 13:00-13:10; изјава на министерот/ 13:10-13:15, прашање и одговори/ 13:15-13:30) Скопје – Регионалната отворена дебата „Дигитално судство – нова ера на реформите на македонскиот правосуден систем“. (х. „Панорамика Дизајн и Спа – Скопје“ и онлајн на платформата ZOOM/ 9:00, изјави за медиумите/ 9:15-9:30) Скопје – Втор ден од Првата годишна конференција што ја организира Министерството за финансии на тема „Економско заздравување и раст по Ковид“. (х. „Double Tree Hilton“/ 9:20) Куманово – Изјави на директорот и заменик-директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски и Иљми Селами, како и претставници на Комисијата на пописниот реон Куманово. (во дворот на Средното техничко училиште/ 11:00) Скопје -  Прес - конференција на набљудувачите на ОДИХР ангажирани на локалните избори во Северна Македонија. (онлајн на платформата ZOOM/15:00) Скопје – Прес-конференција по повод почетокот на Меѓународниот кошаркарски турнир „Драган Василов - Цевка“ на која ќе присуствува и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски. (Прес-центар на СЦ „Јане Сандански“/ 11:00) Скопје - Прес-конференција на Националниот Блок „Не отворам врата“. (Простории на ул. Даме Груев бр. 10/12:00) Скопје – Сто години од раѓањето на Блаже Конески во Кинотека: Кратки документарни филмови и откривање на мурал во чест на великанот. ( Кинотеката/20:00) Скопје – Промоција на книгата „Сами на своето - Кратка историја на македонската независност“ од д-р Мишо Докмановиќ, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на УКИМ. (на терасата на кафе-книжарницата „Буква“, зад кино „Култура“/ 11:00) Скопје – Почнува 15 едиција на МТФ Скупифестивал 2021. (Куршумли ан/ 20:00) Скопје – Концерт на бендот „Seine“. (МКЦ/ 21:00) Тирана – Во организација на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Албанија концерт ќе одржи македонското женско гудачко трио „Trinity Strings“. Окајама – Серијал на ликовни дела насловени „Моите Омилени Нешта“ на уметникот Менсур Бојда. (Ггалерија „2-16“ во Окајама, Јапонија/ 11:00-15:00) ______________________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан