• среда, 20 ноември 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет
27 јануари 2021 - Светски ден во чест на жртвите на Холокаустот Аушвиц - Онлајн церемонија по повод 76-годишнината од ослободувањето на затворениците од нацистичкиот логор Аушвиц-Биркенау во Полска. Стразбур - Редовно зимско заседание на Парламенатрното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), на кое преку видео-конференциска врска ќе се обрати генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Анкара - Турскиот претседател Реџеп тајип Ердоган ќе се обрати на пленарната седница на Парламентот. Вашингтон - Извештај на ММФ за финансиската стабилност на светот.

Остани поврзан