• четврток, 26 декември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД
11 октомври 2020  – Одбележување на 11 Октомври, Ден на народното востание. Скопје/Прилеп/Куманово - По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание, собраниски делегации ќе положат цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово, и тоа: - Пратеничките Снежана Калеска-Ванчева и Бети Стаменкоска-Трајкоска, во Скопје, ќе положат венец свежо цвеќе на Споменикот на ослободителите на Скопје - Платото пред Владата;(12:15 ) -Пратениците Миле Талески и Ане Лашкоска, во Прилеп, ќе положат венци свежо цвеќе на:      Споменикот на Методија Андонов-Ченто (08:30), Споменикот на Кузман Јосифовски-Питу (08:40), Алејата на народните херои (09:00), Споменикот „Жена борец“ (09:10 ), и на Могилата на непобедените (09:20 ) -Пратениците Мартин Костовски и Бране Петрушевски, ќе положат свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово. (11:00). Куманово - Претседателот на Владата, Зоран Заев ќе се обрати на свеченото одбележување на државниот празник 11 Октомври. (пред Спомен-Костурницата/11:00, пристигнување на медиумите/10:00) - Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ќе положат цвеќе пред Спомен-Костурницата.(11:00) Прилеп  - Делегација предводена од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за образование и наука Мила Царовска ќе положат цвеќе пред спомениците на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифовски-Питу, Алејата на народни херои, „Жена борец“ и Могилата на непобедените (8:30). Скопје - Првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за правда Бојан Маричиќ и министерот за здравство Венко Филипче ќе положат венци свежо цвеќе пред Споменикот на борците кои паднаа за ослободување на Скопје. (фоторепортери и сниматели/12:15) Пробиштип - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и генералната директорка на АД „МЕПСО“, Ева Шуклева ќе присуствуваат на пуштање во работа на далекуводот Неокази - Пробиштип. (Индустриска зона Неокази-Пробиштип/13:00, изјави за медиумите) Битола - Општина Битола во село Бистрица ќе промовира новоуреден Споменик и спомен парк на НОБ. (село Бистрица/10:30) Битола - Музички рецитал со Карл Ајшингер на „Интерфест Битола 2020“. (Завод и Музеј/20:00) Скопје - Премиера на театарската претстава „Кожурец“ во продукција на Независното здружение Артопија. (МКЦ/20:00) Скопје - Концерт на Архангел на 22-рото издание на Таксират Фестивал. (СЦ „Борис Трајковски“)  _______________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

Остани поврзан