• среда, 25 декември 2024
МИА Најави МКД
3 октомври 2022 Скопје - Три последователни седници на собраниската Законодавно-правна комисија. (Собрание, сала 4/11:00; 11:10 и 11:20) Липково - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе го посети Дневниот центар за деца со попреченост, лоциран во село Оризаре, општина Липково. (10:00) Скопје - Брифинг на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини за актуелни прашања  повразни со животната средина.(Сала за состаници на Министерството за животна средина и просторно  планирање на 7-ми кат/11:00)  Битола - По повод почетокот на академската 2022-2023 година, министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе го посети Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. (9:30) Скопје - Ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски ќе се обрати на првиот академски час на студентите на  Медицински факултет (8:30), Филолошки факултет (11:00), Економски факлтет (12:00) и на Архитектонски факултет (13:30). Штип - Прв академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. (плато пред Економскиот факултет /11:30; изјави за медиумите/11:50) Скопје - Свечено отворање на Центарот за дигитализација во рамки на Одделението за средување и обработка на архивски материјал-османлиски период чие опремување е донација на ТИКА. (Државен архив/10:00; изјави за медиуми/10:20) Скопје - Национална конференција на тема „Подобрување на системот за СОО во 5 региони – потенцијал и проценка на капацитетите на средните стручни училишта во регионите“ во организација на проектот  „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието на возрасни“. (х. „Александар Палас“/10:00) Скопје - Отворен едукативен и информативен настан за можностите за унапредување на енергетската ефикасност во станбени згради во општина Карпош во организација на Хабитат Македонија во рамки на проектот „CоmAct - Активности за намалување на енергетската сиромаштија во станбени згради“ по повод Светскиот ден на домувањето. (парк „Алумина“ од 12:00 до 14:00, изјави за медиуми/13:00) Скопје - Работилница за подигање на свеста против семејно насилство преку процес на едукација и инволвираност на сите чинители, во организација на Аналитика тинк-тенк во рамки на проектот „Подигнување на свеста против семејно насилство’’, кој е поддржан од Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (BCSDN). (х. „Бест Вестерн“/9:30) Скопје - Отворање на Осмиот фестивал на европската литература „BookStar“ во организација на издавачката куќа „Антолог“. (МКЦ/19:30); Претфестивалски настан - видеоразговор со авторот Саша Станишиќ. (кино „Фросина“/15:00) Скопје - Годишен концерт на Мандолинскиот оркестар „Скопје" под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри насловен како Еко концерт. (Музеј на македонската борба/20:00) Битола - Свечено отворање на фестивалот на класична музика „Интерфест“. (Центар за култура, голема сала/20:00) ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан