• петок, 20 декември 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ)
4 мај 2022 Скопје - Седница на Собранието. (Голема сала/12:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала 6/14:00) Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 6/14:15) Скопје - Посета на финскиот амбасадор, Н.Е. Кимо Лахдевирта на Собранието. -Средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. (Стар кабинет/10:00) -Средба со претседателот на Комисијата за надворешна политика, Антонио Милошоски. (Собрание, канцеларија 151/11:00) -Средба со претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Миле Талевски. (Собрание, канцеларија 121/11:45) Скопје - Средба на Клубот за младински прашања и политики со Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) на тема: „Дигитализацијата како алатка  на младите за воведување на нови алатки за добро управување“. (Сала на Уставна комисија/12:00) Скопје - Доделување на државната награда „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања во областа на науката. (Собрание, Кристална сала/12:00) Скопје - Собраниска делегација предводена од потпретседателот Горан Мисовски, во состав Марија Георгиевска и Бети Стаменкоска-Трајкоска, ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод 119 годишнината од неговата смрт.  (црква „Свети Спас“/10:30) Гевгелија - Премиерот Димитар Ковачевски ќе ја посети браната Конско каде се во тек градежни работи. (https://goo.gl/maps/6RmknqSzqizV6VkMA /11:00) Скопје - Вицепремиерите за европски и за економски прашања, Бојан Маричиќ и  Фатмир Битиќи, заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими ќе се обратат на Донаторската конференција во организација на Секретаријатот за европски прашања. (х.„Хилтон“/11:00, дополнителни изјави не се предвидени) Скопје - Министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе одржи средба со претставници на невладините и тинк-тенк организации со што ќе отпочне широки консултации во процесот на трансформација на системот за одбрана кој продолжува по членство на земјата во НАТО за зајакнување на одбранбените способности во периодот 2022-2031 година. (Клуб на пратеници/12:00) Битола - Министерот за локална самоуправа Горан Милевски ќе потпише договори за кофинасирање со корисниците на грантови на одобрените проекти од вториот јавен повик преку Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Грција. (Офицерски дом Битола/11:00) Скопје - Работната група 3 - Правосудство и основни права (Поглавје 23) ќе ја одржи десеттата сесија на тема „Актуелните предизвици во македонското правосудство низ перспективата на препораките на Националната конвенција за Европската унија во Северна Македонија во организација на Европското движење. (Клуб на пратеници/9:30-13:30) Скопје - Презентација на 21-то издание на Редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан. (х.„Холидеј ин“, Милениум 2 сала/10:00) Скопје - Седница на Уставен суд. (9:30) Скопје - Продолжува научниот симпозиум „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ (Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“/11:00) Скопје - Тркалезна маса на тема „Предизвици и можности за развој на социјалната економија во Македонија“ во организација на ЦеПроСАРД. (Центар за поддршка на социјалните претпријатија, позади Спомен куќата на Мајка Тереза/10:00) Скопје - Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) ќе одржи брифинг на тема „Работничките права и синдикалното организирање во последните 5 години“ во рамки на активностите предвидени да се одржат пред V-тиот Конгрес на КСС. (х.„Солун“/11:00) Скопје - Прес-конференција на „Пивара Скопје“ АД Скопје. (Нови канцеларии на Пивара Скопје, Управна зграда, ул.808, бр.12/10:00, пристигнување на медидумите/9:45) Карбинци - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов ќе извршат увид на градежни активности во индустриската зона Таринци, општина Карбинци. (Изјава за медиуми во 11:20) Скопје - Отворање на новата сензорна соба од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ во организација на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“.  (ООУ „Аврам Писевски“/11:00,  изјави за медиуми пред банерите поставени за настанот во училишниот двор/11:15-11:35) Скопје - Рецитал посветен на македонскиот револуционер и учител Гоце Делчев во организација на Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“ - Скопје и Здружението на просветни работници на Град Скопје. (Градски парк, кај споменикот на Гоце Делчев/12:00) Штип - Презентација на клубот Хајде (Судницата на Правниот факултет/11:00) и Саем за право (Простории на Правен факуилтет/12:00, изјави за медиумите се предвидени 15 минути пред почетокот на секој од настаните) 

Велес - Прес-конференција на Здружението „Градиме иднина“. (Кружен тек во центар на градот каде што се наоѓа судот и поранешна македонска банка/11:00)

Битола - Прес-конференција на НУ Народен театар-Битола за премиерната претстава „Артуро Уи“ од Бертолт Брехт во режија на Кендрим Ријани. (Мала сала/10:30) Скопје - Премиерна проекција на канадскиот филм ТРЧАЈ, ЖЕНО, ТРЧАЈ од Зои Ли Хопкинс по повод Денот на канадскиот филм.  (Кинотека/20:00) Скопје - Концерт на класична музика на Француско-македонското дуо SopliPse и сопранистката Гонца Богоромова Краповски.  (Филхармонија, камерна сала/20:00)  Скопје - Промоција на книгата „Што ќе кажат другите?“ од Коста Петров. (Штанд на Издавачки центар ТРИ во склоп на Саемот на книга/18:00) Скопје - Изложба на фотографии: „2 Соби, Пандемија и Јас“ на Христина Трајкоска. (Рудиќ Галерија/19:30) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан