• сабота, 27 јули 2024
МИА Најави МКД  
20 септември 2021  Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (Сала 6/11:00) Скопје - Собраниската Законодавно-правна комисија ќе ги одржи 86., 89., 90. и 50. седница. (Сала 6/ 13:00, 13:10, 15:00 и 15:10) Скопје - Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ќе ги одржи 24. и 14. седница. (Сала „Борис Трајковски“/14:00 и 14:10) Скопје - Проштална средба на шпанскиот амбасадор, Емилио Лорензо Сера со претседателот на Собранието, Талат Џафери. (Стар кабинет/11:00) Скопје - Свечено отворање на 11-тата Меѓународна летна школа организирана од Економскиот факултет - Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј. (10:00, онлајн на Google Meet) Охрид - Свечено отворање на првата цивилна НАТО вежба „Северна Македонија 2021“ во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со Кризи (ЦУК). (поранешна воена касарна „Михајло Апосолски“/10:00, пристигнување на акредитирани медиуми од 09:15 до 09:45) Скопје - Прес-конференција по повод грант помош од Јапонија „Проект за подобрување на музичките инструменти, опрема за озвучување и осветлување за Национална опера и балет". (фоаје на Националната опера и балет/12:00, влез за новинари во 11:45) Скопје - Прес-конференција на Стопанската комора на Северна Македонија на тема „Менаџирање на човечки ресурси - клуч за резвој на компаниите“. (Стопанската комора, сала 1 на 5-ти кат/11:00 или онлајн преку Зум платформата) Скопје - Прес-брифинг/работен ручек за презентација на клучните публикации и истражувања спроведени во рамки на проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните“ во организација на Институт за европска политика. (15:00) Скопје - Одбележување на Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата - 20-ти Септември, во организација на Здружение РАСТ. (Плоштад „Македонија“, пред фонтаната Воин на коњ/10:00) Тетово  - Прес-конференцијата  на Алијанса за Албанците. (седиште на Алијанса за Албанците во Тетово/15.00) Скопје - Прес-конференција на Амар Мециновиќ од Левица на која ќе ги соопшти официјалните кандидати за градоначалници и носители на советнички листи на Левица. (прес-центар на Левица/11.00) Скопје - Камерен концерт „Виртуози“ на виолинистот Владимир Костов и пијанистката Марија Вршкова, во рамки на „Деновите на македонска музика 2021“. (Музеј на македонската борба/20:00) Скопје - Изложба на слики на Ленче Коцевска „Моја бесмртна љубов“. (Галерија „КО-РА“, мал салон/18:30) Куманово - Прикажување на долгометражниот филм „ТМ“ според сценарио и режија на Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов. (НУЦК „Tрајко Прокопиев/19:30) Скопје - Прес-конференцијана ракометниот клуб „Вардар1961“ пред одигрување на првиот домашен натпревар од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите, против екипата на „Мешков Брест“. (СЦ „Јане Сандански“, прес сала/12:00) __________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан