• недела, 01 септември 2024

МИА Најави МКД  (ДПЛ)

МИА Најави МКД  (ДПЛ)
20 септември 2021  Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Собрание на РСМ, сала „Борис Трајковски“/ 11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (Собрание на РСМ, сала 6/ 11:00) Скопје - Собраниската Законодавно-правна комисија ќе ги одржи 86., 89., 90. и 50. седница. (Сала 6/ 13:00, 13:10, 15:00 и 15:10) Скопје - Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ќе ги одржи 24. и 14. седница. (Сала „Борис Трајковски“/14:00 и 14:10) Скопје - Проштална средба на шпанскиот амбасадор Емилио Лорензо Сера со претседателот на Собранието, Талат Џафери. (Стар кабинет/11:00) Скопје - Премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова, ќе се обратат по повод одбележувањето 75 години од основањето на Сојузот на здруженијата на пензионерите. (ресторан „Ритуал“ во село Трубарево / 11:00) Скопје - Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров ќе се обрати на прес-конференција по повод грант помош од Јапонија „Проект за подобрување на музичките инструменти, опрема за озвучување и осветлување за Национална опера и балет". (Фоаје на Националната опера и балет /12:00, влез за новинари во 11:45)  Валандово - Министерката за образование и наука Мила Царовска ќе го посети средното училиште „Гоце Делчев“ во Валандово. (Изјави за медиуми во 11:00 часот во дворот на училиштето). Охрид - Свечено отворање на првата цивилна НАТО-вежба „Северна Македонија 2021“ во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со Кризи (ЦУК). (Поранешна воена касарна „Михајло Апостолски“/10:00, пристигнување на акредитирани медиуми од 09:15 до 09:45) Скопје - Свечено отворање на 11.Меѓународна летна школа, организирана од Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. (10:00, онлајн на Google Meet) Скопје - Прес-конференција на Стопанската комора на Северна Македонија на тема „Менаџирање на човечки ресурси - клуч за резвој на компаниите“. (Стопанската комора, сала 1 на 5-ти кат /11:00 или онлајн преку Зум платформата) Скопје - Прес-брифинг/работен ручек за презентација на клучните публикации и истражувања спроведени во рамки на проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните“ во организација на Институт за европска политика. (15:00) Скопје - Одбележување на Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата - 20 Септември, во организација на Здружение РАСТ. (Плоштад „Македонија“, пред фонтаната Воин на коњ /10:00)
Скопје -  Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ќе се обрати на презентација на Стратегија за управување со кризи.  (Сала на Совет на Град Скопје, барака бр. 13 / 12:00)
Тетово  - Прес-конференцијата  на Алијанса за Албанците. (седиште на Алијанса за Албанците во Тетово / 15.00) Скопје - Прес-конференција на Амар Мециновиќ од Левица на која ќе ги соопшти официјалните кандидати за градоначалници и носители на советнички листи на Левица. (Прес-центар на Левица/11.00) Скопје - Камерен концерт „Виртуози“ на виолинистот Владимир Костов и пијанистката Марија Вршкова, во рамки на „Деновите на македонска музика 2021“. (Музеј на македонската борба /20:00) Скопје - Тркалезна маса „Литературата во време на поствистината“ во рамки на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ (Europe House / 13.00 - настанот е затворен за публика) и проекција на филмот „Устав на Република Хрватска“. (Кинотека на Северна Македонија од 20:00) Скопје - Изложба на слики на Ленче Коцевска „Моја бесмртна љубов“. (Галерија „КО-РА“, мал салон /18:30) Куманово - Прикажување на долгометражниот филм „ТМ“ според сценарио и режија на Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов. (НУЦК „Tрајко Прокопиев / 19:30) Скопје - Прес-конференција на ракометниот клуб „Вардар1961“ пред одигрување на првиот домашен натпревар од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите, против екипата на „Мешков Брест“. (СЦ „Јане Сандански“, прес сала /12:00) __________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан