• вторник, 30 јули 2024

Мехмедовиќ: Кичевецот негативен на тестот за мајмунски сипаници

Мехмедовиќ: Кичевецот негативен на тестот за мајмунски сипаници
Скопје, 12 јули 2022 (МИА) – Негативен е тестот на лицето од Кичево кое денеска беше тестирано од мајмунски сипаници, изјави вечерва за МИА портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ. -Пациентот е негативен, нема потреба за понатамошна изолација, останува единствено да се третира за основната болест, но како ќе се третира и кога ќе биде укината изолацијата ќе одлучи Центарот за јавно здравке од Битола кој што го води здравствениот надзор, рече Мехмедовиќ. Ова беше првиот пациент кај кого постоеше сомневање дека е заразен со мајмунски сипаници, но тој одбиваше да се тестира. Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски на последната прес-конференција во врска со овој случај потенцираше дека нема законска можност лицето да се присили за тестирање, бидејќи ова не е болест со која следи задолжителна изолација, туку има само препорака. Но, како што рече, постои можност да се побара здравствен надзор.
Министерството за здравство во меѓувреме соопшти дека Институтот за јавно здравје располага со доволно количество тестови за детекција на мајмунски сипаници, а тестирањето се врши по индикација утврдена од специјалист инфектолог.
Оттаму додаваат дека во соработка со Комисијата за заразни болести и Светската здравствена организација внимателно се следи состојбата со мајмунски сипаници во светски рамки. вг/нд/

Остани поврзан