• недела, 06 октомври 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 13 септември 2024 (МИА) - На 13.09.2024 во 14.30 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.Г. (20) од Прилеп.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, две дигитални ваги и предмети со остатоци од марихуана. М.Г. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него  ќе следува соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.Б.(21) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

При преглед извршен на улицата „27 Март“ во Струга, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.

На 12.09.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.А.(48) и М.Б.(37), двајцата од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.09.2024 во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Кеј „13 Ноември“ во Скопје настанал пожар на монтажен објект за продажба на книги, сопственост на Ж.М.(46) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Д.Т.(35) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 07.08.2024 во семејниот дом со кратовско, пријавениот со нож упатил закани на неговиот 60-годишен татко.

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Г.Г.(49) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 08.08.2024, приjавениот упатил закани на неговата сопруга.

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против А.С.(26) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 29.08.2024 кај Градскиот стадион во Кратово, пријавениот физички нападнал малолетник од Кратово.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.Ф.(47) од с.Чајле, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 06.08.2024 на ул.„Илинденска“ во Гостивар, пријавениот запалил сува трева, при што предизвикувал пожар.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Т.(24) од с.Неготино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „самовластие“.

На 20.04.2024 во с.Дебреше, гостиварско, поради претходно нерасчистени должничко - доверителски односи, пријавениот со употреба на сила на З.И. му го одзел патничкото возило.

На 12.09.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, С.Н.(44) од Скопје пријавил дека околу 20.25 часот на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од едно лице.

На 13.09.2024 во 03.00 часот во СВР Скопје, С.Н., исто така, пријавил дека околу 22.30 часот, додека бил со неговиот брат Б.Н. и пријателот Т.Н. и чекал пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (13.09.2024) во 00.30 часот во СВР Штип, М.А.(40) од Штип пријавил дека на 12.09.2024 околу 22.00 часот во Штип бил физички нападнат од Б.Н.(40) од Штип.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.09.2024 во СВР Скопје, И.Д.(41) и В.Т.(44), двајцата од Скопје, пријавиле дека во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром, нивните две малолетни ќерки биле физички нападнати од нивен соученик.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 12.09.2024 во 12.50 часот во СВР Штип, М.Ш.(82) пријавила дека околу 12.40 часот во Штип, по претходна расправија, била физички нападната од Д.Н.(30), двајцата од Штип.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.09.2024 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во простории на приватна фирма во село Бразда, скопско, три лица со закана кон сопственикот и вработена одзеле пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, поднесе кривична против Б.Б.(43) од гостиварско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство.

Пријавениот, во семејната куќа во селото, физички ја нападнал 41- годишната сопруга.  

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, поднесе кривична пријава против С.Г.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „мачење животни“.

На 03.05.2024, пред домот на Б.У.(23), пријавената со нож го нападнала неговиот брат, по што во шталата на таткото на Б.У. , исто така, со нож повредила домашни животни и оштетила два прозорци.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.С.(27) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 20.07.2024, пријавениот упатил закани кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

На 12.09.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, О.О.(31) од Скопје пријавила дека околу 17.45 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на сила ѝ одзело чанта со паричник, лични документи, пари и мобилен телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.09.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, К.П.(79) од Скопје пријавила дека во 14.15 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на сила ѝ одзело личен накит.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.09.2024 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Центар, едно лице со закана кон вработената одзело пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 12.09.2024 во Полициската станица Македонска Каменица било пријавено дека околу 19.45 часот, К.Д.(72), додека работел на кровот од сопствената куќа, паднал и се здобил со тешки телесни повреди.

Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош. Се работи на расчистување на случајот.

На 12.09.2024 во 16.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, З.Р.(76) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка Ф.Р.(54). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 12.09.2024 во 11.15 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Д.И.(33) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга С.Ј.(32). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 12.09.2024 во 17.15 часот во ОВР Гостивар, А.П.(38) од Република Албанија, со регулиран престој во Гостивар, пријавила дека околу 16.00 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Гостивар била нападната од кучиња скитници и при обид да избега, паднала на тротоарот, при што се здобила со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Гостивар.

На 12.09.2024 во 17.00 часот во Полициското одделение Петровец, Д.Т.(65) од Скопје пријавил дека во кругот на Катлановска бања, скопско бил каснат од куче скитник.  

На 12.09.2024 во 23.22 часот во Полициската станица Центар, И.И.(28) од Прилеп пријавила дека на ул.„Беласица“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 12.09.2024 во 21.30 часот во Полициската станица Аеродром, В.К.(20) од Скопје пријавил дека во парк на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил каснат од куче скитник.

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против А.М.(49) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 23.08.2024, пријавениот со употреба на сила влегол во куќата на А.Ф. и одзел повеќе предмети и куршуми калибар 7,65 мм..

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ф.С.(18) и малолетник, двајцата од н.Оризари, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.

На 24.08.2024 пријавените физички нападнале друг малолетник.  

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Д.(21), А.Д.(19) и малолетник, сите од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 15.08.2024 во Гостивар, по претходна расправија, пријавените физички нападнале тројца други малолетници.  

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против А.С.(37) од с.Градец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство.

На 09.08.2024 во Градскиот парк во Гостивар, пријавениот физички ја нападнал В.А. и нејзината малолетна ќерка. сст/


 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан