• среда, 02 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 29 март 2025 (МИА) - На 28.03. и на 29.03.2025 на различни локации  во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Џ.К.(36), В.Ѓ.(44) и  Н.А.(24) од Скопје, Д.П.(50) од Куманово и М.Р.Б.(30) од Република Турција затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја и таблети. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ј.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.12.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени рамка за пиштол и куршуми со калибар 9 мм.

Денеска (29.03.2025) околу 03.00 часот во СВР Скопје, А.И.(50) од Скопје пријавил дека во периодот од 23.00 часот на 28.03.2025 до пријавувањето на паркинг пред зграда на подрачјето на Бутел било опожарено неговото патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 28.03.2025 во 11.23 часот во Полициската станица Кочани,  од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена Б.С.(21) од Кочани. Според пријавеното, таа се здобила со повредите при извршување работни задачи во фирма во Кочани. За настанот бил запознаен трудов инспектор, а увид извршила екипа од Полициската станица Кочани.

СВР Велес поднесе кривична пријава против T.Ј.(44) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти’’. На 21.03.2025 на регионален пат Неготино - Градско, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „рено клио“ со босанска национална ознака, управувано од пријавениот, при што  биле пронајдени пет лица мигранти од Египет, од кои двајца малолетници.    

На 28.03.2025 во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Арачиново, Скопско, настанал пожар во куќа сопственост на Р.А.(31)  и С.А.(35) од с.Арачиново. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. 

На 28.03.2025 во 23.00 часот во СВР Скопје, 42 – годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот сопруг Г.Т.(50) од Скопје, со кого е во бракоразводна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.М.(36) од Куманово поради постоење основи на соменние за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.09.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. 

На 29.03.2025 околу 02.13 часот во СВР Скопје, Р.Х. пријавила дека на 28.03.2025 околу 18.00 часот на подрачјето на Гази Баба, нејзините синови на возраст од 22 и 16 години биле физички нападнати од Н.„Н“, Е.„Н“, Е.„Н“ и уште неколку лица, кои употребиле метален предмет со кој го оштетиле нивното возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 28.03.2025 во 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Благоја Стефковски“ и сервисна улица во Скопје, патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки,  управувано од Б.И.(24) од с. Грчец, Скопско, удрило во пешакот Т.Н.(54) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Н., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид на место на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

На 28.03.2025 околу 18.30 часот во СВР Скопоје било пријавено дека во с.Семениште, Скопско, патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.М.(31) од с.Семениште, излетало од коловозот. Во несреќата, З.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.  

На 28.03.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Трета македонска бригада се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(29) од Скопје и патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Л.(44) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.С., додека со телесни повреди се здобила А.Л., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.  

На 28.03.2025 околу 15.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село, на делницата од  с.Самоилово до Ново Село, патничко возило „нисан“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Б.(30) од Струмица, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Б., констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица. мд/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан