• вторник, 08 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Вардар во Велес излеан на кејот, а во Градсиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Вардар во Велес излеан на кејот, а во Градсиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Велес, 2 април 2025 (МИА) - Вардар денеска во Велес ги поплави двете страни од кејот, а под вода се дрвјата покрај реката во Градскиот парк.

За опасноста од излевање на Вардар, како што изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, веќе има дојава до кон Општина Велес и е побарано веднаш да излезат на терен и да извршат правилно и видливо обележување на опасноста.

Како што појасни Ангелов, бидејќи се работи за речен тек во урбана средина, надлежноста и обврската во и околу речното корито е на Општина Велес.

Вардар денеска во Велес ги поплави двете страни од кејот, а под вода се дрвјата покрај реката во Градскиот парк.

Инаку во Градскиот парк  во Велес, споредено со вчера, Вардар е драстично пораснат, потврдија за МИА велешките кајакари, кои и денеска забрзано се подготвуваат за претстојното Европско првенство.

Кајакарот Благојче Гугинов за МИА изјави дека споредено со вчера Вардар во Градскиот парк во Велес е пораснат за околу метар, видливо е дека се поплавени дрвјата на брегот, а и реката денеска е многу побрза од вчера.

Инаку вчера Вардар во Велес кај Стар Мост според мерењата на УХМР бил 160, а утрото бил 170 антиметри. Споредено со изминатата недела кога  Вардар во Велес беше 86 сантиметри, вчера и денеска нивото на реката е двојно и повеќе пораснато.
Како потврда на тоа дека Вардар споредено со вчера е драстичо пораснат говори и  податакот од УХМР  дека вчера  кај Демир Капија, Вардар бил 191, а денеска е на 249 сантиметри.ад/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан