• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Проф. д-р Гордана Лажетиќ избрана за овластено лице за прием на пријави за корупција на УКИМ

Проф. д-р Гордана Лажетиќ избрана за овластено лице за прием на пријави за корупција на УКИМ

Скопје, 2 април 2025 (МИА) - Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на 19-тата седница ја избрал проф. д-р Гордана Лажетиќ за овластено лице за прием на пријави за корупција. 

Проф. Лажетиќ е редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на УКИМ.  Нејзината надлежност како овластено лице вклучува прием и обработка на пријави во рамки на Универзитетот, согласно Законот за високо образование и универзитетските правилници. 

Целта е зајакнување на транспарентноста и етичките стандарди во академската заедница.

Со Правилникот за работата и надоместокот на овластено лице за прием на пријави на корупција на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е утврдено кој може да поднесе пријава за корупција, како се поднесува пријава и постапување и одлучување.

Правилникот е достапен на линкот: https://ukim.edu.mk/ovlasteno-lice-za-prijavi-za-korupcija/  хс/са/ 

Фото: УКИМ 

Остани поврзан