• четврток, 26 септември 2024

Мбапе неизвесен за мадридското дерби поради повреда

Мбапе неизвесен за мадридското дерби поради повреда

 

Мадрид, 25 септември 2024 (МИА) – Францускиот напаѓач Килијан Мбапе го повреди бутниот мускул на левата нога на крајот на натпреварот од Ла Лига против Алавес (3:2) во вторникот, соопшти денеска неговиот клуб Реал Мадрид.

Клубот не прецизираше колку е сериозна повредата и дали Мбапе ќе му биде на располагање на тренерот Карло Анчелоти за следните натпревари.

Шпанските медиуми наведуваат дека Мбапе би можел да отсуствува три недели и да го пропушти неделното дерби на Реал Мадрид против Атлетико Мадрид, како и гостувањето во Лил на 2 октомври за натпреварот од Лигата на шампиони. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан