Мбапе го надмина Зидан по број на голови во плејофот во Лигата на шампионите
- Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе, го престигна поранешниот играч за врска на Реал Мадрид и Јувентус, Зинедин Зидан, по бројот на постигнати голови во плејофот во Лигата на шампиони
![Мбапе го надмина Зидан по број на голови во плејофот во Лигата на шампионите](https://new.mia.mk/index.php/images/20221105204645_big_730x400_60.webp )
Париз, 17 февруари 2021 (МИА) – Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе, го престигна поранешниот играч за врска на Реал Мадрид и Јувентус, Зинедин Зидан, по бројот на постигнати голови во плејофот во Лигата на шампионите, објави прес-службата на УЕФА.
Благодарение на хет-трикот синоќа на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Барселона (4:1), 22-годишниот Мбапе заврши на третото место меѓу француските фудбалери по број на голови во нокаут фазата.
Досега Мбапе има 12 погодоци, а пред него се Карим Бензема со 18 и Тиери Анри со 12 голови. Зинедин Зидан во текот на својата играчка кариера постигна осум гола. зс/