• петок, 27 декември 2024

Маричиќ: По зголемувањето на платите на судската полиција, следуваат нови униформи за затворската полиција

Маричиќ: По зголемувањето на платите на судската полиција, следуваат нови униформи за затворската полиција
Скопје, 12 март 2021 (МИА) - По зголемувањето на платите на судската полиција, следуваат и нови униформи за затворската полиција, најави министерот за правда, Бојан Маричиќ. Тој посочи дека веќе го потпишал правилникот со кој припадниците на затворската полиција ќе добијат соодветна модерна униформа. - По многу протести и барањата, кои траеја со години, минатата недела конечно го решивме проблемот со платите на судската полиција. Овие службеници ќе добијат зголемување од 8 отсто до 18 отсто. Тоа значи дека некои, ќе добијат зголемување за речиси една петина. Ова првпат се прави и навистина сум задоволен што го решаваме овој проблем. Од друга страна, следуваат и нови униформи за затворската полиција, кажа Маричиќ во гостување на КТВ. Според Маричиќ, со зголемувањето на платите се решава долгогодишниот проблем на овие службеници, кои бараа зголемување, а како што рече, потпишувањето на правилникот е резултат на повеќемесечните преговори меѓу синдикатите и Министерството за правда.бт/лв/

Остани поврзан