• сабота, 23 ноември 2024

Манчини: Штета е вака да се заврши сезоната

Манчини: Штета е вака да се заврши сезоната
Менхенгладбах, 15 јуни 2022 (МИА) - Селекторот на Италија, Роберто Манчини ги критикуваше своите избраници по синоќешниот поразот од Германија (2:5) во натпреварот од Лигата на нации. - Штета е вака да се заврши сезоната. Германија е силна, но ние ги оставивме да играат како што сакаат. Направивме неколку грешки, лошо се браневме. Кога не можете да бидете во чекор со овие играчи, секогаш преземате голем ризик бидејќи тие имаат одлично темпо и се многу опасни на отворено. Тоа е долг пат. Ќе имаме добри работи и не толку добри работи. И денес имаше некои охрабрувачки знаци како голот на Нионто и други шанси што ги создадовме, но Германија беше многу подобра од нас и заслужи да победи, изјави Манчини. Италија со пет освоени бода е третата на табелата, Германија е втора во групата со шест бода. Води Унгарија со седум, а последна е Англија со само два бода. зс/

Остани поврзан