• среда, 25 декември 2024

Буфон ќе ја добие Претседателската награда на УЕФА

Буфон ќе ја добие Претседателската награда на УЕФА

Нион, 27 август 2024 (МИА) - Поранешниот голман на Италија, Џанлуиџи Буфон, на настанот на 29 август ќе ја добие Претседателската награда на УЕФА за неговите извонредни достигнувања, умешност и примерни лични квалитети. 

Наградата се доделува од 1998 година.

- Фактот што тој избра да го следи својот клуб во Серија Б на врвот на кариерата, и покрај тоа што му пристапија врвни клубови од целиот свет, зборува многу, изјави претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин.

На 25 јули, 46-годишниот Буфон стана спортски директор на италијанската репрезентација и ќе ги надгледува и сениорската и младинската селекција на земјата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан