Македонските ракометари на позната локација ќе „бркаат“ пласман за Светското првенство 2027
- Машката македонска репрезентација на позната локација во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го игра реваншот од трета фаза на баражите за Светското првенство
Скопје, 16.март 2026 (МИА) – Машката македонска репрезентација на позната локација во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го игра реваншот од трета фаза на баражите за Светското првенство. РФМ со тоа го одреди и градот домаќин Скопје како и денот 17.мај каде избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе го игра решавачкиот дуел.
Инаку, првиот дуел македонските ракометари ќе го играат на гостински терен кај Украина или Словачка на 13 или 14.мај.
Кој селекција ќе ни биде противник ќе биде познато по одигрувањето на дуелите кои се играат во текот на оваа недела на 18.март Украина е домаќин во германскиот град Бенсхајм, додека Словачка е домаќин на 22.март во Повашка Бистрица на 22.март. мн/
Фото: РФМ