Собослај ги повика соиграчите од Ливерпул „да се разбудат“
- Унгарскиот репрезентативец и фудбалер на Ливерпул Доминик Собослај ги повика соиграчите „да се разбудат“ откако вчера „црвените“ одиграа нерешено 1:1 на Енфилд со Тотенхем
Ливерпул, 16.март 2026 (МИА) – Унгарскиот репрезентативец и фудбалер на Ливерпул Доминик Собослај ги повика соиграчите „да се разбудат“ откако вчера „црвените“ одиграа нерешено 1:1 на Енфилд со Тотенхем. Притоа гостинскиот тим голот за израмнување го постигна во 90.та минута.
Најжесток во критиките кај англискиот шампион беше Собослај, кој изјави:
Повторно во последната минута, не знам по кој пат сезонава се случува. Не знам што да кажам. Мора да се разбудиме. Ако продолжиме вака следната сезона ќе играме во Конференциската лига.
Голот на Тотенхем во 90.минута беше осми сезонава што тимот на Арне Слот го прима во финишот и со тоа е соборен негативниот рекорд од сезоната 2010/2011 кога Ливерпул примил седум голови.
Ливерпул има 49 бодови и се наоѓа на петтото место. мн/
Фото: ЕПА