• вторник, 17 март 2026

Казна за Челзи од Премиер лигата

Казна за Челзи од Премиер лигата

Лондон, 16.март 2026 (МИА) – Премиер лигата одреди казни за фудбалскиот клуб Челзи од 10.75 милиони фунти и една година забрана за трансфери, која е условна во траење од две години. Најверојатно казната ќе беше „построга“ доколку Челзи сам не пријавеше неправилности.

Сопствениците при преземањето на клубот самите увиделе неправилности и ги пријавиле во Премиер лигата, ФА и УЕФА.

Премиер лигата почна истрага поради тајните исплати, кои биле во клубот од 2011 до 2018 година. Утврдени се 74 прекршувања, како нелегални исплати на агенти, финансирање на трети субјекти и исплати на посредници. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан