• недела, 01 септември 2024

Македонската таеквондистка Милијана Рељиќ освои бронзен медал на Кроација опен

Македонската таеквондистка Милијана Рељиќ освои бронзен медал на Кроација опен
Скопје, 20 јуни 2022 (МИА) - Милијана Рељиќ освои бронзен медал на меѓународниот турнир во таекводно, „Кроација Г2 Опен“ одржан викеднот во  во Загреб. По неколкуте четвртфиналиња на претходните турнири во Белгија, Шведска, Албанија, Австрија и Бугарија на силните Г2 турнири организирани од Европската таеквондо федерација каде се собираат поени за светската и олимписката ранг листа, Рељиќ конечно стигна и до подиумот. Во конкуренција од 25 натпреварувачки во нејзината категорија сениорки -62кг Мила со две победи над претставничките од Србија и Хрватска, стигна до полуфиналето каде беше тесно поразена од минатогодишната европска шампионка Бруна Вулетиќ. - Одличната форма на Милијана резултираше со овој огромен успех, имено пред неполн месец на отвореното првенство во Австрија, малку недостигапе, Милијана да ја победеше бронзената од Олимпијадата минатата година од Токио, Ло Чиа Линг од Тајпеј. Во мај месец не и беше одобрена британска виза за учество на Европско Сениорско Првенство во Манчестер, Англија, каде се надеваше на нов успех. Милијана е моментално во први 40 на светската таеквондо ранг листа за сениорки -62 кг во конкуренциија на 450 професионални таеквондостки, изјави нејзиниот тренер Александар Ефтимов, кој верува дека можат да направат уште поголеми успеси и да донесат уште повеќе медали од големите меѓународни натпревари. На турнирот во Загреб учествуваа натпреварувачи од повеќе од 70 земји. зс/

Остани поврзан