• среда, 13 ноември 2024

Литванија ќе ги бојкотира квалификациските натпревари за Европското првенство за жени со Белорусија

Литванија ќе ги бојкотира квалификациските натпревари за Европското првенство за жени со Белорусија

Вилнус, 7 март 2024 (МИА) - Претседателот на Литванската фудбалска федерација, Едгарас Станкевичиус изјави дека женската репрезентација ќе се откаже од квалификациските натпревари за Европското првенство 2025 против Белорусија.

- Ако зборуваме за спортската компонента, многу е поволна. Сите три екипи можат да бидат победени, но дефинитивно не планираме да играме со белорускиот тим. Навистина се надевам дека санкциите од УЕФА ќе бидат ограничени на службени порази и нашите фудбалерки ќе продолжат да учествуваат во изборот. За мене најважно е да не бидеме дисквалификувани, изјави Станкевичиус, за националното литванско радио (ЛРТ).

Репрезентацијата на Литванија се наоѓа во првата група од Лигата Ц со селекциите на Белорусија, Кипар и Грузија. зс/

Фото: „LFF“

Остани поврзан