• недела, 06 октомври 2024

Лаури со победа дебитира за Мајами

Лаури со победа дебитира за Мајами
Мајами, 5 октомври 2021 (МИА) - Кајл Лаури ноќеска дебитираше за Мајами хит. Кошаркарот учествуваше на првиот претсезонски натпревар на тимот од Флорида против Атланта. Ол-стар ветеранот, кој се пресели во Хит од Торонто репторс во летниот трансфер прозорец во НБА-лигата реализираше удар за три поени. За 15 минути на теренот, Лаури постигна пет поени, четири скока и седум асистенции. Мајами го доби натпреварот со 125:99, а Лаури беше на паркетот 15 минути. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан