• сабота, 23 ноември 2024

Курти: Намалено полициско присуство за 25 отсто, подготовки за предвремени избори

Курти: Намалено полициско присуство за 25 отсто, подготовки за предвремени избори

Приштина, 18 јули 2023 (МИА) - Премиерот на Косово Албин Курти денеска изјави дека Приштина го намалила присуството на косовската полиција за 25 отсто во три општински згради на северот на Косово и дека се подготвуваат за вонредни избори. 

„Почнувајќи од минатата недела, го намаливме присуството на косовската полиција за 25 отсто во три општински згради на север. Сега почнуваме да го отвораме патот за предвремени избори. Косово веќе со добра волја го спроведува договорот со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина (Мирослав Лајчак) за деескалација, постигнат во Братислава“, напиша тој на Твитер. 

Курти во понеделникот се сретна со Лајчак во рамки на меѓународен симпозиум што се одржува во Грција, а по средбата изјави дека со него имал долга дискусија за намалување на тензиите и нормализирање на односите со Белград. паг/

Фото: Твитер

Остани поврзан