• недела, 24 ноември 2024

Краткиот филм „Мала шега“ ќе биде прикажан во Домот на културата „Билјана Беличанец“

Краткиот филм „Мала шега“ ќе биде прикажан во Домот на културата „Билјана Беличанец“

Скопје, 29 септември 2024 (МИА) - Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ вечер во 20 часот  ќе биде прикажан  краткометражниот филм „Мала шега“ во режија на Трифун Ситниковски.

Филмот е продуциран од „ДНФ Филмс“, во соработка со Истражувачка репортерска лабораторија и „Изван фокуса“, и со поддршка на „Вардар филм“. Финансиран е од Агенцијата за филм на Северна Македонија и Хрватскиот аудиовизуелен центар.

-Филмот ја имаше светската премиера на престижниот филмски фестивал во Оденсе, Данска. Овој месец се прикажа и на фестивалот „Браќа Манаки“, а следни фестивалски прикажувања ќе има во САД, Италија и Узбекистан, соопшти „ДНФ Филмс“.

Режисерот Трифун Ситниковски е и автор на сценариото на филмот во кој главните улоги ги играат Јана Никодиновска и Марко Илиевски.

Кинематографер е Сергеј Сарчевски, композиторка Мартина Силјановска, сценографка Александра  Петковска, костимографка Марта Дојчиновска. хс/цр/

Фото: ДНФ Филмс

 

 

Остани поврзан