• среда, 04 декември 2024

Конференција „Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација“ во Скопје

Конференција „Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација“ во Скопје

Скопје, 4 декември 2024 (МИА) - Конференција „Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација“ ќе се одржи денеска во Скопје. Како што информираат од Институтот за комуникациски студии, конференцијата ќе отвори дебата за унапредување на транспарентноста и отчетноста на јавните институции и политичките актери, преку подобрување на стандардите на политичка комуникација.

- Транспарентноста на институциите и отворената политичка комуникација се клучни за градење доверба помеѓу граѓаните и власта. Кога институциите искрено и јасно ги споделуваат информациите за своите одлуки и активности, тоа овозможува граѓаните да бидат информирани, да учествуваат во дебати и да влијаат на одлуките што ги засегаат, потенцираат од Институтот за комуникациски студии.

Најавени се обраќања на директорката на Институтот - Жанета Трајкоска, премиерот Христијан Мицкоски и на Даниел Филер, вршител на должност во британската Амбасада во Скопје. 

- Посебно внимание ќе биде посветено на одговорноста на политичките актери и институциите за искрена и ефективна комуникација со јавноста, особено во чувствителните предизборни и изборни периоди, како и на улогата на медиумите во известувањето за политичките процеси, додаваат од Институтот за комуникациски студии.

Конференцијата се организира во рамките на проектот „Користи факти“, поддржан од Британската амбасада во Скопје. бд/мд/

Фото: Институт за комуникациски студии

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан