Контингент од вооружените сили на Бугарија доби сертификат за учество во операцијата на НАТО за стабилизација во Косово – КФОР
- Контингент од Вооружените сили на Бугарија доби оцена „Подготвен за извршување задачи“ за учество во операцијата на силите за стабилизација на НАТО на Косово – КФОР
Софија, 23 август 2024 – Контингент од Вооружените сили на Бугарија доби оцена „Подготвен за извршување задачи“ за учество во операцијата на силите за стабилизација на НАТО на Косово – КФОР.
Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
Борбените способности на контингентот беа оценети од комисија од Здружената команда на силите и Копнената војска за време на тактичко-специјална вежба одржана на полигонот „Корен“.
Главниот дел од контингентот се војници од 4-от артилериски полк. Во него се вклучени и војници од 101-от алпски полк и 110-от логистички полк на копнените сили, како и војници од мобилниот комуникациски и информативен систем на Здружената команда.
Командант за национална поддршка и помошник национален командант на контингентот е мајор Милен Златев од четвртиот артилериски полк, а командант на маневарска чета е капетанот Калојан Димитров – исто така од полкот.
Учеството на вооружените сили на Бугарија во силите за стабилизација на НАТО во Косово почна во февруари 2000 година, а според Здружената команда на силите досега учествувале повеќе од 1.600 војници.
Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.