• вторник, 12 ноември 2024

Конте: Молитвите нема да не направат шампиони

Конте: Молитвите нема да не направат шампиони

Неапол, 1 ноември 2024 (МИА) - Тренерот на Наполи, Антонио Конте изјави дека неговата екипа не може да ја потцени Аталанта. Наполитанците во недела гостуваат кај тимот од Бергамо, а лидерите во Серија „А“ победија на девет од последните 10 натпревари во сите натпреварувања.

-Аталанта е силен тим. Тие ја освоија Лигата на Европа, со што ставија крај на серијата без пораз на Баер Леверкузен. Тие со години играат редовно во Лигата на шампионите и секоја сезона се еден од најдобрите тимови. Ова се должи на клубот и на Џан Пјеро Гасперини - тренер со кој работевме кога бев играч на Јувентус. Не е можно Наполи да го потцени овој меч. Сите ми велите дека е предност да не се игра на европските турнири, но ве предупредувам дека е недостаток бидејќи немате толку широк состав, изјави Конте на прес-конференција.

Според Конте, освојувањето на титулата во неговата прва сезона во Неапол би било чудо. Присутните новинари сепак го прашаа дали верува во чуда.

-Јас сум религиозен, а и моето семејство. Често се молам за играчите. Мора да работите. Фудбалски чуда се случуваат, но треба да се потрудите за да бидете во таа ситуација. Само молитвата не е доволна. Ентузијазмот е гориво за огнот. Јас сум последниот човек кој ќе сака да го спречи тоа. Право на навивачите е да сонуваат, но мора да бидеме реални, изјави Конте. дс

Фото: Архива

Остани поврзан