• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ристовски и Ќамили поради повреда отпаѓаат, Тошевски ново име во фудбалската репрезентација

Ристовски и Ќамили поради повреда отпаѓаат, Тошевски ново име во фудбалската репрезентација

Скопје, 18 март 2025 (МИА) - Милан Ристовски и Лирим Ќамили нема да бидат во составот на македонската репрезентација за претстојните натпревари против Лихтенштајн и Велс.

Како замена, селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски дополнително го повика Давид Тошевски од Австрија Клагенфурт.

Настапот на Стефан Ашковски останува неизвесен поради повреда на зглобот, а неговата состојба ќе биде дополнително проценета од медицинскиот тим, стои во соопштението на ФФМ. дс

Фото: Архива

Остани поврзан