• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

У17: Македонските фудбалери ремизираа против домаќинот Шкотска

У17: Македонските фудбалери ремизираа против домаќинот Шкотска

 

Кумбернулд, 19 март 2025 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 17 години со реми против домаќинот на квалификацискиот турнир Шкотска го почна денеска настапот во Б Лигата на УЕФА.

Головите за Македонија ги постигнаа Маркоски (40) и Жаку (83), додека Бојд (52) и Хогарт (80) беа стрелци во шкотскиот тим.

Во вториот натпревар во рамки на квалификациската група Б 1, Романија го совлада Лихтенштајн со 10-0.

Избраниците на селекторот Димитар Капинковски во второто коло ќе играат против Лихтенштајн, а во завршното коло против Романија. ег

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан