• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мбапе споделува размислувања за напредокот на Дембеле

Мбапе споделува размислувања за напредокот на Дембеле

Мадрид, 18 март 2025 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид и Франција, Килијан Мбапе зборуваше за напредокот на крилниот напаѓач на ПСЖ, Усман Дембеле оваа сезона.

- Нашиот однос со Усман е едноставен, ние сме во контакт секој ден. Трогнат сум од начинот на кој сега постапува, бидејќи знам колку критики и потсмев имаше кон него. Го поддржувам од 14 години и секогаш го сметав за еден од најдобрите играчи во светот, дури и кога не постигнуваше голови.
Усман го достигна својот врв на 27 години, што е нормално за еден фудбалер. Невозможно е да се каже дека тој некогаш доцнел да го открие својот потенцијал, ова е вообичаената еволуција на еден спортист. Многу сум среќен поради него и сакам да продолжи со добрата работа. Тој го заработи својот успех со напорна работа и се надевам дека ќе може да го задржи овој моментум со француската репрезентација до 2026 година и да ни помогне да станеме светски шампиони, изјави Мбапе за „АС“.

Сезонава Дембеле одигра 37 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна 30 голови и имаше шест асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан