Кои се номинираните први лица во втората администрација на Трамп
- Новата администрација на Трамп ќе вклучува високи помошници од неговата кампања, членови на Конгресот и лица од неговиот прв мандат.
Вашингтон, 14 ноември 2024 (МИА) Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, не троши многу време и неколку денови по победата започна да раздава клучни позиции во Белата куќа и својот кабинет. Назначени се државниот секретар, шеф на кабинетот, амбасадорот во Обединетите нации и неколку други важни функции. Новата администрација на Трамп ќе вклучува високи помошници од неговата кампања, членови на Конгресот и лица од неговиот прв мандат. Многумина од нив, како изненадувачката номинација на министерот за одбрана, се негови истрајни послушници.
Ова ќе бидат некои од функционерите во новата, втора администрација на Трамп. За речиси сите треба потврда од Сенатот.
Тулси Габард е назначена за директор на Националната служба за разузнавање. Таае поранешен член на Претставничкиот дом избрана од округ од Хаваи како демократ. Но, по напуштањето на Конгресот таа излезе и од Демократската партија и стана гласен поддржувач на Трамп. Габард нема искуство во разузнавачки служби, ниту пак служела во Комитетот за разузнавање. Таа е потполковник во резерва на Армијата на САД. Служела во Националната гарда на Хаваи и била распоредена во Ирак со медицинска единица.
Мет Гец ќе биде новиот државен обвинител. Изборот на Гец за раководител на Министерството за правда, служба што со години беше во фокусот поради критиките кон неа од страна на избраниот претседателот, кој беше обвинет за федерални кривични дела по напуштањето на функцијата во 2021 година. Гец се согласува со критиките на Трамп и ги бранеше лицата кои беа обвинети во врска со нападот на американскиот Капитол на 6 јануари. Тој беше во центарот на најновите драми во Претставничкиот дом лани, водејќи ја иницијативата за смена на претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Кевин Мекарти, што го парализираше долниот дом речиси цел месец.
Пит Хегсет е номиниран за министер за одбрана. Хегсет е ветеран на Националната гарда и служел во Ирак и Авганистан. Осум години беше водител во „Фокс њуз“. Претходно раководел со Сoncerned Veterans for America, политичка група за поттикнувње на ветераните да станат политички поактивни. Хегсет се фокусира на културните прашања во армијата, и повика шефот на Генералштабот на армијата на САД треба да биде отпуштен поради поддршка на програми за разноликост и инклузија во рамијата, и стави прашалник за тоа дали жените треба да служат во и извршуваат борбени задачи.
Томас Хоман ќе биде „цар за границите“. Хоман е поранешен вршител на должност директор на Службата за имиграција и царина (ИЦЕ) и работел во агенцијата за време на администрациите на Обама и Трамп. Трамп изјави дека Хоман ќе биде задолжен да ги надгледува границите со Мексико и Канада, како и безбедноста на морскиот и воздушниот транспорт. Оваа функција не бара потврда од Сенатот.
Како антиимиграциски тешкаш, под негово раководство се зголеми бројот на апсења на мигранти без криминално минато, на американско-мексиканската граница се раздвојуваа деца од родители, и се одржуваа рации на работни места. Во јули, Хоман вети дека ќе „раководи најголемата депортациска сила што оваа земја некогаш ја видела“.
Мајк Хакаби треба да биде новиот амбасадор во Израел. Хакаби е поранешниот гувернер на Арканзас и татко на актуелната гувернерка на државата, ако биде потврден од Сенатот, ќе биде првиот не-Евреин на амбасадорската функција во Израел од 2011 година. Регионот е во војна повеќе од една година, прво меѓу Израел и Хамас, а сега сè повеќе се вклучуваат и Либан и Иран. Во неговата претседателска кампања во 2016 година, Хакаби, поранешен баптистички свештеник кој не го прифаќа терминот Палестинци, изрази силна поддршка за Израел, нарекувајќи го Западниот брег дел од Израел.
Илон Маск и Вивек Рамасвами. Работна група за владина ефикасност (ДОГЕ). Највероатно ова ќе биде невладина служба. Технолошкиот магнат Маск, најбогатиот човек во светот, и претприемачот во фармацевстката индустрија Рамасвами, ќе ја водат оваа група во тесна координација со Трамп и владата, за да се исполнат ветувањата на кампањата на Трамп да му даде на Маск да ги надгледува и крати владините трошоци. Двајцата имаат рок до 2 јули 2026 година да извршат реорганизација на федералните бирократски управи, работeјќи во соработка со Канцеларијата за менаџмент и буџет. Тие би имале советодавни, невладини улоги.
Кристи Ноем за министерка за домашна безбедност. Актуелна гувернерка на Јужна Дакота, таа ќе координира со неколку национални безбедносни агенции, вклучувајќи ги Службата за царина и емиграција. Федералната агенција за управување со вонредни состојби и Тајната служба на САД. Ноем е доста критички расположена кон имигрантите и претходно изјави дека земјата се соочува со „епоха на инвазија“. Ноем стана позната во 2020 година кога одби да ги затвори бизнисите и јавните објекти за забавување на ширењето на ковид пандемијата.
Маркo Рубио. Номиниран за државен секретар на САД, Рубио досега е сенатор од Флорида во три мандати и поранешен спикер на Претставничкиот дом на Флорида. Стана одлучен подржувач на Трамп после времето кога разменуваа критики во кампањата во 2016 година. Рубио три пати го поддржа Трамп и го поддржуваше неговиот дневен ред во Конгресот. Тој е член на Сенатскиот комитет за надворешни работи и заменик-претседател на Изборниот комитет за разузнавање. Со доволно надворешно-политичко искуство Рубио е солиден избор за Трамп кој може да го премости јазот меѓу неговата изолационистичката база и надворешните сојузници на земјата.
Елиз Стефаник за амбасадорка ма САД во ОН. Стефаник моментално е претседателка на Републиканската конференција во Претставничкиот дом и член на Претставничкиот дом од северниот дел на Њујорк. Првпат избрана во Претставничкиот дом во 2014 година, Стефаник на почетокот беше скептична кон Трамп. Но во меѓувреме стана еден од неговите најголеми поддржувачи, придружувајќи му се во републиканската одбрана за време на неговиот прв импичмент и работејќи како негов сурогат со настапи на телевизија и во кампањата.
Сузан Вајлс ќе биде новиот шеф на кабинетот на Трамп. Таа доаѓа од Флорида како заменик во неговатаизборна кампања во 2016 и 2020 година. Таа е искусен политички оперативец и собирач на спонзорства од Флорида. Претходно има работено во успешните кампањи на Рон Десантис во 2018 и Рик Скот во 2010 година. кб/