• сабота, 23 ноември 2024

Кичевец удрил во полициец, кој се здобил со тешки телесни повреди

Кичевец удрил во полициец, кој се здобил со тешки телесни повреди

Скопје, 16 февруари 2024 (МИА) - Полицијата го лишила од слобода Л.З.(23) од кичевското село Длапкин Дол. Лицето вчера во 8.10 часот на кружен тек од магистралниот пат А2 и улица „Борис Кидрич“ во Кичево, со патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки удрило во полициски службеник кој извршувал службени дејствија, регулација на сообраќајот.

Како што информира денеска МВР, полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Кичево.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.

- По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, најави МВР. мд/са/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан