• недела, 28 јули 2024

ИЈЗ: Ракот на дојка е најчеста причина за смрт од малигни неоплазми кај жени од 2010 до 2022 година

ИЈЗ: Ракот на дојка е најчеста причина за смрт од малигни неоплазми кај жени од 2010 до 2022 година

Скопје, 11 октомври 2023 (МИА) - Институтот за јавно здравје објави дека во Република Северна Македонија најчеста причина за смрт од малигни неоплазми кај жените во периодот 2010-2022 година е малигната неоплазма на дојка.

Од малигна неоплазма на дојка во 2010 година починале 310 жени со стапката на морталитет од 30,0/100000 жени, во 2021 година 337 жени со стапка од 32,6 и во 2022 година 356 жени со стапка од 38,5 на 100000 жени, се посочува во информацијата од ИЈЗ објавена на нивната веб-страна. ев/

ФОТО: Принтскрин 

 

Остани поврзан