• недела, 17 ноември 2024

„Имаме право на лек – Модулаторна терапија за сите” гласи онлајн петицијата на Асоцијацијата за цистична фиброза

„Имаме право на лек – Модулаторна терапија за сите” гласи онлајн петицијата на Асоцијацијата за цистична фиброза
Скопје, 30 септември 2021 (МИА) - Асоцијацијата за цистична фиброза во рамки на кампањата „Имаме право на лек – Модулаторна терапија за сите” покрена иницијатива за собирање потписи преку онлајн петиција- https://chng.it/C2RcYdMhw8. Цел на петицијата е да се поттикне Министерство за здравство да обезбеди модуларна терапија за сите пациенти со цистична фиброза во Република Северна Македонија. Овие современи лекови значат шанса за живот за болните, претежно деца и млади луѓе и целосно ги менуваат досегашните дневни терапии, кои вклучуваат земање триесет лекови и чести хоспитализации. Тоа е чекор кон помирен и поквалитетен живот за стотина заболени. Во услови кога на пазарот има дури три решенија за лекување и овие лекови се достапни за пациентите и од соседството, Министерството за здравство до сега го игнорира безбедниот начин да ги спаси лицата со цистична фиброза додека децата и млади со цистична фиброза имаат се помалку и помалку време. - Очекуваме надлежните здравствени власи да овозможат да се одобри нашето барање за модуларна терапија за сите пациенти со цистична фиброза, за да живеат без страв за својата иднина за да живеат без страв за својата иднина и на иднината на нивните семејства. Човечкиот живот е еден и нема цена. Ве известуваме дека до сега имаме собрано близу 6000 потписи и ќе продолжиме, со цел сите пациенти со Цистична фиброза да добијат рамноправен третман во целата земја, велат од Асоцијацијата за цистична фиброза. оџ/ац/    

Остани поврзан