• сабота, 27 јули 2024

Израел изврши напади во Газа за време на посетата на Нетанјаху на САД

Израел изврши напади во Газа за време на посетата на Нетанјаху на САД

Ерусалим, 24 јули 2024 (МИА) - Израелските сили денеска изведоа нови операции во Појасот Газа, неколку часа пред премиерот Бенјамин Нетанјаху да се обрати пред американскиот Конгрес.

Последните израелски напади уништија домови во градовите источно од Кан Јунис во јужниот дел на Газа и принудија илјадници луѓе да се упатат кон запад за да побараат засолниште, велат локалните жители.

Палестинската управа за вонредни ситуации соопшти дека добила повици за помош од жителите заробени во нивните домови во Бани Сухаила, источно од Кан Јунис, но официјалните лица не можеле да стигнат до градот.

Израелската армија, која се обидува да ја елиминира исламистичката група Хамас, соопшти дека оперирала во области од кои исламистите истрелале ракети кон Израел и извршиле напади против израелската војска. паг/

Фото: ДПА

 

 

Остани поврзан