• вторник, 26 ноември 2024

Изложба на учениците од ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во КИЦ

Изложба на учениците од ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во КИЦ

Скопје, 26 ноември 2024 (МИА)  - Во продажниот ликовен салон на Културно-информативниот центар – Скопје, вечер во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Нови генерации“ на ученици од сликарскиот и вајарскиот оддел од ДСУЛУД „Лазар Личеноски“, во рамки на Европскиот месец на креативноста.

На изложбата, која е под менторство на професорите Ѓорѓи Томовски, Елена Дуковска, Сокол Цфарку и Дејан Иванов - Маргуш, учениците ќе се претстават со скулптури, мозаици и цртежи.

Изложбата ќе биде отворена до 13 декември 2024година. дма/вг/

Фото: Плакат

 

Остани поврзан